Бизарно: Јапонка ќе добие нов медал, откако градоначалникот и го гризнал

by Fokus

На јапонска златна медалистка ќе ѝ биде заменет медалот помалку од една седмица по завршувањето на Летните олимписки игри во Токио. Тоа, поради доста невообичаена причина.

Организаторите на Токио 2020 година вчера објавија дека Миу Гото, членка на јапонскиот шампион во софтбол, ќе добие нов златен медал откако Такаши Кавамура, градоначалник на нејзиниот роден град Нагоја, го гризна нејзиниот медал на настан за да прослави. Тој притоа не го оштети медалот, но сепак предизвика скандал во Јапонија поради непочитување на протоколите на Ковид-19, но и непочитување на наградата на Гото.

Гризењето на одличјето одамна е вообичаена практика, како симболичен „брз тест за автентичноста на златото“, но тоа обично го чинат спортистите освојувачи. Јапонците на интернет веднаш го осудија градоначалникот. Дури и јапонскиот автомобилски гигант „Тојота“, кој е спонзор клубот на Гото – „Тојота Ред териерс“, го осудува Кавамура.

Поврзани новости