Државните институции остануваат најпривлечното работно место што се добива по партиска заслуга. Сите што „гинеле“ за партијата, ако не добијат некоја функција, сакаат да се вработат на државно.
Ако во западните земји државното е просек, кај нас е престиж, па по победата на партијата, сите гледаат да се „пикнат“ некаде и да си молчат. Таму се вработуваат и бивши градоначалници, синови, ќерки и сопруги на пратеници, но и сите заслужни за партијата.
Министерството за внатрешни работи „вдоми“ најголем дел од поранешните градоначалници кои изгубија на локалните избори, но оваа институција е и вториот дом на семејството на пратеникот и иден амбасадор во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ. Таму работат и неговата сопруга, а од неодамна и неговиот син.
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ЗА ДРУГИТЕ ВРАБОТУВАЊА НА ПАРТИСКИ КАДРИ, РОДНИНИ НА ФУНКЦИОНЕРИ И БИВШИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЧИТАЈТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК