Средношколски пленум формираат и битолските средношколци. Тие утре во во Економското училиште во Битола во 19.30 часот ќе го одржат првиот пленум. Според нив, целта на пленумот ќе биде да се развие дискусија за проблемите во средното образование.
– Се покануваат сите средношколци, студенти и сите граѓани на Битола кои се заинтересирани за темата и директно или индиректно се сметаат себе си за засегната страна од овој проблем да присуствуваат на најавениот настан. Притоа пленумот е прилика за истите да ги искажат своите ставови и мислења и сите заедно да учествуваат во процесот на пронаоѓање заеднички решенија чија симболика го претставува незадоволството и гласот на сите средношколци во Македонија –
Ако не НИЕ, кој?!?!
Ако не СЕГА, кога?!?!
ОБРАЗОВАНИЕТО Е ЈАВНО ДОБРО,
ДОЈДИ И ПРИКЛУЧИ СЕ!!!“ – се наведува во нивниот повик.