Битолските рокери се враќаат на сцената со порака дека луѓето ќе садат само марихуана!

by fokus

Битолската рок група „Чоканче“ која се појави на сцената во осумдесеттите години на минатиот век, повторно по подолга пауза е актуелна со нова песна.

Станува збор за нумерата ,,Игра ронеднрол цела Македонија”, која веќе е објавена на музичкиот канал Јутјуб.

-После подолго време, ново аудио од ,,Чоканче”. Песната е снимена во студиото на Владко Симоновски во Битола, Симоновски е снимател и продуцент, тапаните ги сними Иле Лулевски.
Гитарата е на Зоран Илиевски – Скроч, како и Игор Беговски – Ќебап, басот е на Крсте Симоновски – Крчо – појасни за ,,Фокус” вокалистот Бранко Шпољариќ – Паљач.

-Политичка мизерија на сите страни, знамиња се веат и бијат камбани,
ќе нема веќе вода, ќе нема веќе храна,
а луѓето ќе садат само…Марихуана.

Знам дека мислиш дека не е така, а јас само сакам да ти подадам рака- се дел од стиховите на новата песна на бендот.

„Чоканче“ за прв пат имале настап на Гитаријада во Битола, во далечната 1983 година. Во деведесеттите години беа доста популарни помеѓу љубителите на рок звукот и издадоа двоен албум.
Имале многу настапи низ земјава, а биле и предгрупа на концерти на „Рибља чорба“, „Дивје јагоде“, Бајага и други.

Поврзани новости