Битолски професор со рок песна ја размрда музичката сцена: Овде нема правда!

by Fokus

Пред три дена во етер излезе новата песна „Овде нема правда“ за која музиката, текстот и гитарите се на битолскиот професор Владимир Роме.

Авторот на песната освен што е професор по електро-стручни предмети во Техничкото училиште во Битола, тој е и графички дизајнер, како и композитор, гитарист и фронтмен на битолскиот бенд „П.С.“ кој беше присутен на сцената се до почетокот на 90-те години.

Аранжманот на песната е на Роме заедно со Раде Стаматов. Стаматов исто така бил задолжен и за клавијатурите и програмирањето, бас гитарата е на Павле Јаневски, а вокалот е на Бранко Шпољариќ – Паљач.

Професорот им се заблагодари и на Ивица Јорданов од „Морал“ и на Владо Антески, поранешен член на „Ареа“ за сугестиите.

– Кој се свести куфер фати, овде нема правда. Кој што вреди овде нема иднина и живот, One way ticket кај и да е, овде се е сиво, секој ден ко лисја тутун афери се нижат, сите знаат, ама молчат, сите свесно мижат – се дел од стиховите на рок нумерата.

Песната за само неколку дена предизвика голем интерес кај слушателите и на социјалните мрежи добива позитивни коментари.

На прашањето на „Фокус“ како се создаде „Овде нема правда“, професорот вели дека нема да пишува за причините, поводот и инспирацијата.

– Се е јасно од смата песна. Ќе си замине од овде, секој кој што ќе може – кратко коментира.

Вики Клинчарова

Поврзани новости