Битолски бизнисмен се заканувал дека ќе ги убие советниците на Општината

by Fokus

Познат битолски бизнисмен синоќа упатил закани по живот кон претседателката на Советот на Битола, Габриела Илиевска и десеттина други битолки советници, пренесува порталот „Независен“.

„Бевме присутни над десет советници на вечера, се појавија 4 лица од кои тројца ни беа познати и едно непознато. Упатија вербални закани, животозагрозувачки кон сите во просторијата. Заминаа и по неколку минути побаравме сметка и ние да заминеме бидејќи беше непријатна ситуација за сите, но вработената ни кажа дека не чекаат долу на првиот спрат и дека не ќе можеме да излеземе. Викале дека ќе нѐ убијат. Јас повикав полиција, па дел од советниците беа извлечени кога дојде полицијата зошто сите бевме загрозени. Се врати полицијата и ние останатите да заминеме, но напаѓачите се вратија во просторијата и упатија уште поголеми закани ко нас. Побарајте информација и од полиција“, изјави Илиевска за порталот.

Поврзани новости