352
Битолската полиција трага по возрасен маж кој е можен подметнувач на пожарот во битолската населба Стрелиште, откако битолчанец сведочел дека видел сомнитeлно лице на местото каде избувна огнот.
Потоа плaмените јазици се проширија низ овој дел од Битола и стигнаа до куќите и подрачното училиште каде е сместена и градинка.
Сепак, пожарникарите не дозволија огнот да го зафати објектот и предизвикана е незначителна штета.