Вечерва во Мадрид ќе се одржи 22-то издание на манифестацијата Детска Евровизија, а Македонија ќе ја претставуваат битолчаните Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13), со песната ,,Маратон”.
За да им дадат поддршка на своите сограѓани, битолчани организирано ќе го следат музичкиот натпревар во Кристалната сала на Офицерски дом во Битола, со почеток од 18 часот.
Од Основното училиште Даме Груев, чии ученици се претставниците Ана и Алексеј, упатија покана до битолчани, да дојдат во Кристалната сала, и со знамиња, транспаренти и навивачки реквизити, да ги бодрат младите пејачи.
Како што известуваат, ова е првпат од постоењето на Детска Евровизија, претставниците да се од Битола,.
Директнен пренос на Детска Евровизија ќе врши националниот сервис МРТ. Ќе настапат учесници од 17 земји, а од регионот единствени земји кои учествуваат се Македонија и Албанија.
Вики Клинчарова