Битолчани го тужат Рек Битола – депонијата во Новаци им го отру животот

by fokus

Битолското здружение „За нас се работи“ поднесе кривична пријава против РЕК Битола затоа што од 2010 година досега компанијата несовесно се справувала со отпадот што се создава во депонијата, која се наоѓа во непосредна близина на рударско-енергетскиот комбинат во село Новаци.

РЕК Битола, како што велат, не успеала соодветно да управува, односно да го одржува отпадот во вид на пепел, кој се карактеризира како опасен и радиоактивен. Во пријавата се истакнува дека во повеќе случаи при појава на ветер, компанијата не го спречила ширењето, иако била свесна за последиците.

„По речиси тригодишна битка по институционален пат, со безброј петиции, здружувања, разни пресови, протестирања, одговорната компанија се однесува крајно дрско и крајно неодговорно кон жителите на Пелагонискиот регион, во кој спаѓа и градот Битола, во кој живееме и го поминуваме нашето секојдневие“, вели активистот Илија Балтовски во изјава за Радио Моф.

 

Поврзани новости