Фолк пејачката Анета Љумаковска, која стана позната во јавноста како вокалистка на битолската група ,,Молика”, ја изненади јавноста со драстичната промена во изгледот.
Таа објави фотографии на кои се гледа дека направила целосна трансформација, видно ослабната, со кратка и осветлена коса и зголемени усни. Зад новиот имиџ на пејачката стоел стилистот Алек Палада од Прилеп, кој е познат по своите соработки со естрадни личности од земјава и регионот.
– Промените започнуваат на крајот од твојата комфорна зона, напиша стилистот за новото издание на Љумаковска.
Инаку, Анета важи за еден од најдобрите вокали кај нас. Повеќе од 20 години беше во брак со музичарот и фронтмен на групата ,,Молика”, Џими Мицевски, со кого ја имаат ќерката Моника.
Веста дека се разведуваат по две децении одекна во јавноста минатото лето, по што Љумаковска продолжи со соло кариера.
Групата „Молика“ пак, исто така продолжи со настапи, а често како нивна вокалистка е ангажирана Сузана Гавазова.
Вики Клинчарова