588
Возрасен битолчанец го загуби својот живот во пожар што се случил во неговиот стан на 12 кат кој се наоѓал во повеќекатна зграда.
Од СВР-Битола соопштија дека истрагата за пожарот кој утрово се случил во стан во зградата викана „пензионерска“ што се наоѓа во непосредна близина на основното училиште „Кирил и Методиј“, е во тек и по завршувањето ќе биде соопштен идентитетот на несреќното лице и причините за пожарот.
Екипи на територијалната противпожарна единица во моментов вршат контрола на зградата и станот кој по пријавата за пожар го изгаснале, но, за жал возрасниот битолчанец најверојатно со задушување го изгубил животот.
Превентивно во зградата во тек е повеќечасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија.