545
Битолчанец со употреба на спреј кој го вперил во вработена, украл пари од маркет во овој град.
Од СВР-Битола информираат дека настанот се случил во текот на вчерашниот ден, во маркет на улицата „Гоце Делчев“ во Битола.
– Веднаш по пријавата од маркетот дека непознато лице со спреј ја исплашил вработената, а потоа и одзел пари од касата, интервенираше полициска екипа која го евидентира и расчистува случајот, соопштуваат од секторот за односи со јавноста.