Битолчанец се самоубил по расправија со сопругата

by fokus

Вчера попладне жител на Битола се самоубил, по претходна расправија со неговата сопруга, пренесуваат од МВР.

„На 23.06.2019 година во 14.15 часот во СВР Битола било пријавено дека во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола С.Ѓ. (62) по претходна расправија извршил убиство на неговата сопруга М.Ѓ. (57), по што извршил самоубиство. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција. Се работи на расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

Поврзани новости