800
Битолчанец кој се вратил од Канада во Македонија, попладнево починал во својот стан во Битола на улица Димче Лахчански.
Како што објави ТВ 21, станува збор за маж на возраст од околу 60 години, кој по враќањето од Канада бил во самоизолација.
Допрва ќе се утврдуваат причините за неговата смрт. Земен е брис и испратен во Скопје за тестирање на корона вирус.