389
Вчера во 08:40 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со битолски регистерски таблици управувано од Љ.А.(60) од Битола излетало од патот.
Од незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница во Прилеп, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што информираат од МВР, на местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Прилеп. Се работи на целосно расчистување на случајот.