Дваесет млади учесници на настанот за акцелераторската програма од проектот Employouth ги претставија своите иновативни бизнис планови пред комисијата на евалуатори и потенцијални инвеститори кој се одржа во Битола на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ). Битола интензивно работи на развој на старт ап сцената и со овој проект докажува дека стартапите се почетоци на бизниси кои ако се добро организирани и менторирани од почеток, можат да доживеат значаен успех.
„Старапите се оние кои внесуваат оригиналност, иновативност и свежи идеи кои го менуваат светот. Сетоа тоа го прават брзо и со минимални трошоци зошто се со концепт да станат успешни компании. Тоа е начин на размислување кој ветува успех и токму тоа секој претрпиемач треба да го има”, поентираше проф. Д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот Св Климент Охридски.
Дали е возможно да се создаде бизнис додека сте уште на студии, беше прашањето кое го постави деканката на ФИКТ, проф. д-р Андријана Боцевска.
“Да, доколку Универзитетите создадат услови, во светот наречени Инкубатори во кои со помош на ментори, студентите се охрабрат доколку имаат идеја да ги направат првите чекори во претприемничките води. ФИКТ е една од ретките високообразоавни институции која се охрабри да покаже дека сме во тек со овие трендови кои се присутни на водечките Универзитети. Избрани тимови, работат на валидација на своите идеи, низ процес на подобрување на производите или услугите, како би можеле подготвени да излезат на пазарот со својата компанија.” додаде проф. д-р Боцевска.
На настанот присуствуваа гости од Универзитетот West Macedonia лоциран во Кожани, Грција, институција со која имаат долгогодишна соработка.
Универзитетската пилот програма за стартапи во Пелагонискиот Регион, организирана како дел од Еmloyouth, проект кој е финасиран од ЕУ преку Интерег програмата за прекугранична соработка со Грција, во пролетта ја креираше ПРЕДА плус фондацијата која оваа акцелераторска програма ја предаде на Факултетот за информациски технологии – ФИКТ.
Факултетот со овој проект обезбеди простор каде го смести акцелераторот и со својот менаџерски тим продолжи да го развива.