Биткоинот достигна ново рекордно високо ниво над 109.000 долари денеска пред инаугурацијата на републиканецот Доналд Трамп.
Најголемата криптовалута достигна вредност од 109.333 долари на платформата Binance.
Трамп го спомна биткоинот во својот вчерашен говор.
„Од изборите, берзанските индекси пораснаа, а оптимизмот кај малите бизниси достигна рекордни 41 поен, највисоко ниво во последните 39 години. Биткоинот урива еден по друг рекорд“, рече Трамп.
Биткоинот ги поврати загубите од претходниот ден кога неговата вредност падна од над 102.000 долари во неделата на речиси 100.000 долари, откако првата дама Меланија Трамп издаде свој мемекоин, пренасочувајќи ја ликвидноста од поголемите средства.
Трамп беше отворен поборник за криптовалути за време на неговата кампања. Ветувањата како САД да станат „крипто главен град на планетата“ и создавање „стратешка национална резерва за биткоин“ го поттикнаа оптимизмот кај инвеститорите.