Битиќи: За 4 години креиравме 90.000 илјади работни места

by fokus

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, беа потрошени 250 милиони евра пари на граѓаните за да се креираат 15.000 работни места. Ние за 4 години обезбедивме 90.000 работни места, а за тоа само минатата година имавме потрошено 70 милиони евра, за разлика од 250 милиони евра за само 15.000 работни места, рече потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи на вечерашната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

-Да не заборавиме дека минималната плата од 9.000 денари ја зголемивме на 14.500 денари и тогаш од опозицијата се противеа на тоа зголемување велејќи дека со тоа покачување економијата ќе крахира. Денеска минималната плата е 15.200 денари а просечната речиси на 29.000 денари и економијата не е крахирана, порача Битиќи.

Потпретседателот Битиќи најави нови инвестиции во Битола, потенцирајќи дека работните места кои ќе се отворат таму ќе бидат со минимални плати многу повисоки од законскиот минимум.

Поврзани новости