497
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека проблемот со јавниот превоз лежи во раководството на ЈСП и во Град Скопје.
-Жалам за состојбите во ЈСП и неможноста да одговори градот Скопје на уште една јавна услуга која е обврзана по законот за јавни услуги т.е. за локална самоуправа да испорача како град кон своите граѓани, вели Битиќи.
Според него, не е вистина дека Владата должи средства, односно сите обврски се подмирени.
-Не е вистина дека Владата должи пари, сите обврски на МОН и Владата се подмирени, рече Битиќи.