Битиќи: Викендов ќе се знае дали е потребно ново задолжување или не

by fokus

Веројатно викендов ќе можеме да одговориме дали е потребно ново задолжување или не. Во државата не е проблем нивото на задолжување, туку проблемот од минатото беше дали и каде ќе одат тие средства, порача денеска вицепремиeрот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Ако одат за поддршка на економијата, граѓаните и работните места сметам дека е легитимно да се задолжиме онолку колку што во овој момент е потребно затоа што само така заедно ќе го пребродиме овој момент и ќе влеземе во 2021 година многу посигурни и поспремни за справување со било каков нов предизвик, рече Битиќи во одговор на прашање по потпишувањето договор за државна помош со компанијата „ВИК Македонија“.

Повтори дека веќе се во финалната фаза на подготовката на четвртиот сет на мерки за помош на граѓаните и стопанството за справување со последиците од корона кризата.

Вети поддршка на сите оние на кои им е потребна без разлика дали се стопанственици или граѓани или, пак, за друг начин на помагање кој ќе го направи полесен преминот и соочувањето со економската криза заради пандемијата со Ковид-19.

Поврзани новости