602
Советникот по економски прашања во кабинетот на премиерот во Владата, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција истакна дека мерката „Викенд без ДДВ“ всушност ќе биде поголем поврат на данокот.
„Тоа ќе биде поголем поврат на ДДВ преку сегашното софтверско решение на УЈП. Само корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе може да учествуваат. Злоупотребата ќе биде минимална“, рече Битиќи.
Со оваа мерка треба да се поттикне потрошувачката и растот на приходите во одредени продажни сектори.