Битиќи: Увозот на работна сила е неодржливо решение

by Fokus

Примерот со компаниите што отвораат нови работни места и се спремни да влезат во процесот на дуално образование, но и во преквалификација и доквалификација на работната сила е клучот за успехот со кој во овој момент се справуваме, а тоа е недостиг на работна сила на пазарот на труд.

Сите други дискусии што мораме да ги отвориме, како што е евентуално увозот на работна сила, се решенија што не се одржливи, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи при неговата денешна посета на компанија за производство на душеци во Гостивар.

„Одржливи решенија за пазарот на труд се нашите сограѓани што живеат овде и сакаат да продолжат со преквалификација и доквалификација и креирање нови вештини што ќе одговорат на барањата на компаниите“, рече Битиќи.

 

Поврзани новости