Битиќи: Тврдам дека нашата пoнуда е подобра од таа на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

„Со сигурност тврдам дека тоа што го нудиме на овие избори е далеку подобро од целата политичка програма на опозицијата и на ВМРО-ДПМНЕ  затоа што ако ја гледате парламентарната кампања во суштина нема понуда за граѓаните туку празни зборови. Една единствена е понудата, дали во албанскиот спектар, дали во македонскиот, а тоа е кој ќе биде поголем националист.

На граѓаните им е сосема јасно дека квалитетот на животот не се подобрува со национализам туку со патриотизам, додека патриотизам се покажува со дела, а не со празни зборови. На 8 мај ќе победат граѓаните затоа што ќе се изборат за подобар квалитет на живот, за подобра понуда“,  рече Фатмир Битиќи вицепремиерот за економски прашања и кандидат за пратеник во втората изборна единица во интервју за „Слободен печат“.

„Викаат, ќе видиме кога ќе дојдеме на власт што ќе правиме. Деновиве слушнав изјава дека можеби ќе сме ги ископирале од СДСМ и затоа не ги покажувале моделите. Не, драги мои сограѓани, они не знаат како треба да се направи. Ги прашуваат како треба да се направи, како ќе го спроведат едно од ветувањата, немаат многу ветувања и можеш многу лесно да ја прочиташ нивната програма во едно читање. Едно од ветувањата е покачување на пензијата од 5.000 денари, линеарно зголемување. Сите економисти буквално опозициски или позициски настроени се плашат од едно такво ветување. Како тоа ќе го направите? Ќе видиме кога ќе дојдеме на власт“, вели Битиќи.

Тој додаде дека се радува што е претставник на политичка партија којашто стана партија на исполнување на ветувањата наспроти партија којашто беше позната со спроведуваме на работите, а сега станала партија на „ќе“.

 

 

Поврзани новости