Битиќи: Субвенција за електрична енергија добиваат 600.000 домаќинства

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека струјата ќе биде поскапа за 130 проценти, а во услови на глобална економска и енергетска криза поскапувањето е минимално и избесува 7,98 отсто, додека 600.000 граѓаните добиваат пониски сметки благодарение на субвенцијата од Владата истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Битиќи додаде дека ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека струјата ќе поскапи за 130 отсто за да има нула субвенции, додека владата предводена од СДСМ дава субвенција за електрична енергија од 76 проценти.

На секое семејство, и на вас и на вашето семејство даваме 21.000 субвенции без разлика на вашите приходи, му порача Битиќи на својот соговорник Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е домаќинско работење, во време на криза нашите граѓани добиваат субвенција за електрична енергија, нагласи Битиќи.

Во врска со РЕК Битола, потпретседателот Фатмир Битиќи рече дека трансформаторот е веќе на пат кон РЕК Битола.

Третиот блок што од ВМРО-ДПМНЕ никогаш не сонувале дека може да го стават во функција ние ќе го ставиме во функција, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „Само вистина” на Канал 5 телевизија истакна дека просечната плата во државата во 2016 година беше 23.000, а сега е 33.200 денари.

Во 2016 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, минимална плата беше под 10.000 денари, а сега е 18.000 денари, нагласи Битиќи, додавајќи дека во 2016 година на четричлено семејство со плата од 10.000 денари му биле потребни 3,6 минимални плати за да ја наполни потрошувачката кошница.

Битиќи истакна дека пред една година кога потрошувачката кошница изнесувала 32.000 денари биле потребни само 2,8 минимални плати за да се наполни потрошувачката кошница, а и сега кога има инфлација со минимална плата од 18.000 се потребни 3 минимални плати за да се покрие потрошувачката кошница, 3,6 наспроти 2,8 е многу полошо.

Минималната плата од март ќе биде 20.000 денари бидејќи ја сменивме методологијата. Ние не оперираме како што опрерираше некој друг, ние не треба да држиме никого во заложништво, нашите сограѓани заслужуваат достоинствен живот, затоа ја сменивме методологијата за миниманата плата, затоа ја сменивме методолгијата за пензиите.

Пензиите во март ќе пораснат. За една година се зголемени за 10 отсто, во март ќе пораснат за уште 7 отсто, нагласи Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ Битиќи посочи дека со тоа 35.000 пензионери се изнесени од прагот на сиромаштија, добиваат пензии над 14.000 денари, што од Светска банка се смета за праг на сиромаштија.

Тоа не може никој да го оспори особено не партија, која даваше 500 денари за да излезат да гласаат, тоа беше уценувањето на нашите 330.000 пензионери, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Поврзани новости