Битиќи: Ставот на СДСМ за редовни и одвоени избори е принципиелен, за термините може да се разговара

by Fokus

„Нашиот став за редовните избори да бидат одвоени е принципиелен, соодветно е да имаме полн мандат на Владата и полн мандат на Претседателот, а за термините може да се разговара“. Ова го изјави потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во Само интервју на Канал 5 тв.

„Нашиот став за редовните избори да бидат одвоени е принципиелен, соодветно е да имаме полн мандат на Владата и полн мандат на Претседателот еднаш засекогаш. Ставот е одвоени избори, но спремни сме да разговараме за термините во работни групи. Отворени сме за разговори. Има доволно време, ние сме спремни и не калкулираме, ниту држиме прес конференции со пишани датуми. Несвојствено е да се има кампања за време на верски празници, на пример, сега тоа треба да го имаме предвид. Мултикултурализмот во нашата земја носи и различни моменти“ – рече Битиќи.

Битиќи потенцира дека „СДСМ не го зборува сценариото за уставна криза туку опозицијата го наметнува во јавноста веројатно размислувајќи или правејќи сценарио да претседателските избори бидат неуспешни“.

„Ако една политичка партија повика на бојкот тоа е реалноста, во спротивно нема зошто да бидат неуспешни изборите. Можеби тоа е едно сценарио кое се развива во одредени политички кулоари но не во СДСМ. Затоа што ние сме докажале дека се грижиме и за државата и интересот на државата а политичката битка е политичка и ние сме подготвени“ – рече Битиќи.

Поврзани новости