Фатмир Битиќи – вицепремиерот за економски прашања денеска изјави дека се надева дека судот ќе ја преиначи одлуката за ИРЛ и посочи дека слободата на изразување и слободата на говор, независно во кој сектор е, никој не може да го оспори.
– Прво, сметам дека е фер да не коментирам одлука на судови затоа што тоа е друга власт. Но, како човек кој бил дел од граѓанскиот сектор, сметам дека ограничувањето на слободата на изразување, на било кого е многу сериозно и штетно за понатамошниот развој на општеството. Се надевам дека одлуката на повисокиот орган во судот ќе ја преиначи таа одлука и дека ќе биде само еден лош ден на една судијка која, заради своето убедување, тоа го направила и дека ќе се вратиме во тоа што сите треба да живееме – слободата на изразување, слободата на говор, независно во кој сектор, никој не може да го оспори. Ги охрабрувам не само вашите колеги од ИРЛ, туку и сите други кои работат во граѓанскиот сектор, во медиумите, да продолжат да го прават тоа како што најдобро знаат да го прават – рече Битиќи.