358
Данокот на солидарност ќе ги опфати само компаниите кои во време на криза успеале да направат профит од над 20 милиони евра и сметаме дека тоа е солидарно, за да се врати кон оние кои треба да се справат со кризата, порача потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за Сител.
-Со овој опфатени се 150 компании а минималниот праг, според последните проценки е околу 50 милиони евра, пари што ќе се искористат за антикризни мерки, како на пример за субвенционирање на електричната енергија која што и оваа година ќе биде субвенционирана, но и за други нови мерки за поддршка на оние на кои таа им е потребна – посочи Битиќи.
Во однос на стапката на ДДВ за пелетите, Битиќи посочи дека таа нема да се менува.