Битиќи: Паѓа инфлацијата!

by Fokus

Фатмир Битиќи – вицепремиерот за економски прашања на социјалните мрежи објави дека инфлацијата за месец јули е намалена на 8,4 отсто измерен раст на трошоците за живот.

Тој вели дека се работи на тоа инфлацијата да се сведе на минимум до крајот на оваа календарска година, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Според Битиќи, и во таква ситуација ќе порасне куповната моќ на потрошувачите.

– Овие бројки се во согласност и со Владините проекции со кои се предвидува просечната инфлација за 2023 да изнесува 8,9%. Од друга страна оваа Влада посветува големо внимание и на креирање на позитивна бизнис клима, каде компаниите ќе бидат мотивирани да исплаќаат компетитивни плати чиј раст на годишно ниво ќе биде далеку над растот на трошоците на живот. Растот на просечната плата очекувам и понатаму да продолжи со двоцифрени стапки, и секако да биде значително над растот на трошоците на живот, што во превод би значело и реален раст на куповната моќ на нашите сограѓани – пишува Битиќи.

Поврзани новости