Битиќи од Вашингтон: Расте размената на стоки и услуги меѓу Македонија и САД

by Fokus

-Размената на стоки меѓу Северна Македонија и САД бележи нагорна линија и додаде дека во периодот јануари – јули 2023 година, бележи пораст од 3.8 % во однос на истиот период од претходната година. Ова се многу оптимистички бројки кои говорат за потенцијалот на соработката која може да биде уште поголема, изјави заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на средбата во Вашингтон со Дејвид де Фалко, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија при американското Министерство за трговија.

На средбата, вицепремиерот Битиќи и де Фалко разговараа за унапредување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и САД особено во областите на енергетика, ИКТ, земјоделство, транспорт и во одбранбената индустрија, соопштија од владината прес служба.

Битиќи според, информациите од владинатта прес служба, на средбата го стави фокусот во креирање силен регионален синџир на вредност со што значително ќе се подобри конкурентноста на Северна Македонија.

-Тука ја спомна потребата од аутсорсинг на деловни процеси во земја која е географски блиска до матичната земја на бизнисот, со што земјата, регионот, но и Европа како целина нема да зависат од далечните азиски синџири за снабдување, како што беше примерот за време на Ковид кризата, соопштија од Владата.

Заменик- помошникот на американскиот секретар за трговија за Европа и Евроазија, Дејвид де Фалко, истакна дека Северна Македонија е стратешки политички и економски партнер на САД и додаде дека оваа соработка ќе се унапредува уште повеќе во наредниот период, стои во соопштението од владината прес служба.

Поврзани новости