424
Компаниите кои ги зголемија цените изминативе денови ќе се соочат со соодветен одговор од државните институции, бидејќи нивното однесување во изминати три дена е некоректно и неморално, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
– Со особено внимание следиме што се случува овие три дена на слободниот пазар. Одредени компании се однесуваат некоректно, неетички и неморално на кон зголемување на цените. Тоа набрзо ќе наиде на одговор од страна на институциите. Не можеме да прифатиме дека цена, за 24 часа може да порасне за 20 отсто кога производствената цена не може да порасне 24 часа за 20 отсто. Сметам дека тоа е само манипулација“, рече Битиќи.