Фатмир Битиќи – вицепремиерот за економски прашања вели дека според новите проекции на ММФ, Германија како најголем трговски партнер на Македонија ќе оствари негативен рест на економијата, а сето тоа ќе влијае и на македонската економија.
„Проекциите за нашиот најголем извозен пазар Германија се дека економијата во 2023 ќе оствари реален пад од -0,5%, додека останатите земји со кои остваруваме најголема надворешно трговска размена проекциите се следни: Обединетото Кралство 0,5%, Грција 2,5%, Србија 2,0%, Кина 5,0%. Негативниот раст, односно падот на економијата на моторот на ЕУ, Германија, е еден од клучните фактори кои влијаат врз случувањата во нашата економија, и објективно силно влијае врз економската активност во нашата земја“ – напиша Битиќи на социјалните мрежи.
Сепак, вицепремиерот уверува дека Владата ќе работи на остварување на позитивен економски раст од 2,5 проценти до крајот на годинава.