Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економија. Фатмир Битиќи денеска при гостувањето на МРТ се осврна на повеќе економски теми и нагласи дека стапката на инфлација наскоро ќе биде едноцифрена.
-Фактите говорат дека од октомври кога го имавме пикот на инфлацијата од 19,8 отсто, трендот на намалување на инфлацијата, заради различните мерки, но и севкупните геополитички случувања, направија во последниот месец да се спушти на 11,3 отсто, рече Битиќи додавајќи дека реален е отпимизмот брзо да има едноцифрена стапна на инфлација, бидејќи стапката на намалување кај нас е поголема од таа во еврозоната.
Во врска со платите во јавниот сектор и барањата за нивно зголемување, Битиќи нагласи дека не може да се занемари фактот дека и во јавниот сектор платите во изминатите 6 години се зголемени во различни сектори од 20 до 45 отсто што не се случувало наназад низ годините.
-Кога наназад со години вие упорно сакате државата да ја ставите на исто рамниште со Кина, Индонезија и други земји, и викате дека овде има евтина работна сила, веројатно последицата е она што ни се случува денес, рече Битиќи.