Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи во интервју за Канал 5 телевизија рече дека СДСМ многу порано го постигнала ветувањето за минимална плата над 20.000 денари.
-Во јавниот сектор ситуациите се многу подобри од што биле, како што ги затекнавме во 2016 година, секако јас сосема ги разбирам барањата на вработените во јавниот сектор, во сите сектори, и година дена расправивме за општиот колективен договор кој што се носи после 18 години, нагласи Битиќи.
Потпретседателот на СДСМ потенцираше дека 18 години ниту една влада не само што не расправала, туку не сакала да седне да зборува за општ колективен договор во јавниот сектор.
-Има и еден друг факт, да таа влада која што денеска најверојатно стимулира одредени кругови за да не го прифатат решението со општиот колективен договор, има направено платите во јавниот сектор да се регулираат преку 200 закони или подзаконски акти, така што веројатно секоја трета институција има различен начин на дефинирање на плати, рече Битиќи.