Битиќи: Ќе се справиме со 17-те корисници кои трошат третина од струјата, ги знаат во РКЕ

by fokus

Седумнаесет корисници кои што се во сегментот на регулиран пазар употребуваат 30% од електричната енергија, која што се продава на регулираниот пазар, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

-Секако, тоа не сме ние како домаќинства. Ако се во функција на производство, не треба да бидат на регулиран пазар. Тоа значи дека земаат струја од секое едно домаќинство и прават штета на другата страна. Ги знаат во РКЕ. Ќе се справиме со нив така што, со тарифниот модел кој што го воспоставуваме, автоматски ќе излезат од регулираниот пазар. Тоа значи дека ќе ни се ослободи 20% од струјата, за да ја ставиме во функција на стопанството, рече Битиќи во емисијата „Клик плус“.

Поврзани новости