384
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека Законот за плати ќе се менува. Тој на ТВ 24 рече дека ќе се формира работна група за антикризни мерки ако се изгласа законот за нив.
– Добивме задолжение од владата за формирање на работна група од неколку министри која треба да работат на нов закон за избрани и именувани лица за да направиме поправедно решение и ослободиме дел од средствата кои ако се изгласа тој закон за антикризни мерки за најранливите категории. Тоа е клучно во одредени временски периоди кога треба да покажеме солидарност. Ќе ослободиме средства зашто решението нема да се донесе за еден месец, туку во временски период кога средствата планирани за плати ќе бидат планирани за антикризни мерки – вели Битиќи.