Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи утрово и посака топло добредојде на pретседателката на Косово, Вјоса Османи- Садриу, која престојува во дводневна посета на Македонија, со надеж дека оваа посета уште повеќе ќе ги зајакне одличните односи помеѓу двете земји, и ќе даде позитивен импулс за натамошен развој и интензивирање на севкупната соработка.
Вицепремиерот Битиќи на граничниот премин Блаце беше придружуван од Шпреса Јусуфи, Амбасадор на Македонија во Косово, Амбасадорот Гоце Карајанов, посебен советник на претседателот Пендаровски за надворешна политика, и Амбасадорот Кенан Рамадани, Директор на директоратот за протокол при министерството за надворешни работи.
Вицепремиерот Битиќи е дел од делегацијата на Претседателот на државата Стево Пендаровски кој е домаќин на претседателката Османи-Садриу и ќе учествува на пленарниот состанок на делегациите на Македонија и на Косово, по што е предвидена и заедничка прес- конференција на претседателите на двете држави.
Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Пендаровски и Османи-Садриу ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев, после што претседателка Вјоса Османи-Садриу ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Македонија.