„Изборите ќе бидат редовни, имаме ист став и во партијата и во коалицијата, претседателските и парламентарните избори треба да бидат одвоени, а за доброто на земјата може да се разговара за термините“.
Ова во интервју за тв Алсат го изјави потпретседателот на СДСМ – Фатмир Битиќи.
За евентуалното коалицирање за парламентарните избори, тој рече дека социјалдемократите имаат широк коалициски капацитет, лојални се на европскиот фронт и европската идеја и отворени за сите партии кои сакаат да бидат со нив.
Обединети околу европскиот фронт и европската идеја за подобра иднина на државата, додаде Битиќи.
– Во минатото докажавме дека имаме широк коалициски капацитет и со различни партии. И последните парламентарни избори во 2020 година беа во таков дух. Сега го нарекуваме европски фронт. Сите партии што се отворени можат да се обединат или во заеднички листи или во заеднички дух за подобра, европска иднина на државата – рече тој.