Битиќи: Инфлацијата се намалува, од 19,8% минатата година ќе падне на 8% за 2023 година

by Fokus

„Инфлацијата е во надолна линија и ова го потврдуваат официјалните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека од 19,8% во октомври 2022 година, инфлацијата е падната на 11,3 % за претходниот месец“ изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во интервју за порталот „Локално“.

Битиќи рече дека овој тренд на намалување на инфлацијата очекува да продолжи до крајот на годината, што е на линија на проекциите на НБРМ и владините проекции според кои инфлацијата за цела 2023 би изнесувала околу 8%.

„Од друга страна очекувањата за раст на платите со двоцифрени стапки е реалност со оглед на фактот што успеавме да создадеме атрактивен економски амбиент за прилив на нови како домашни така и странски директни инвестиции кои креираат многу повисока додадена вредност, а воедно ќе ја зголемат продуктивноста на целокупната економија и ќе резултира со реален раст на просечната плата во целокупната економија“, рече Битиќи.

Поврзани новости