Битиќи: Граѓанскиот сектор има клучна улога во обликувањето на подобар свет

by Fokus

„Немаше да бидам тоа што сум денес ако на почетоците на мојата активно не учествував во граѓанскиот сектор каде поминав долги години“, изјави вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на националниот форум оганизиран од Цивика мобилитас, кој на едно место ги собра организациите од Граѓанскиот сектор да разговарат на тема „Од граѓански активизам до општествени промени- очекувањата наспроти реалноста“.

Битиќи нагласи дека суштината на работењето на сите чинители треба да биде вклученоста, која пак од друга страна бара време.

„Животниот циклус мора да не носи низ граѓанскиот сектор за да научиме да правиме нешто и за другите, треба да не води и низ бизнис секторот за да правиме нешто и за себе, но секако, треба да е носи и во државниот сектор за да направиме нешто за општеството низ еден институционален и структуриран пристап“, рече тој.

Апелираше за поголема инклузивност на различностите во државата и за побрзо созревање како општество во целина, бидејќи негативните реакции по предлогот за либерализација на работна сила кое е подигнато како прашање за потребите на приватниот сектор во земјава, говорат дека треба уште да работиме во овој сегмент.

Битиќи во неговото обраќање на панелот рече дека со консензус и инклузивност, Владата на Северна Македонија работи на Националната развојна стратегија која со вклучување на академијата, бизнисот и граѓанскиот сектор обезбедува консензус со кој ќе имаме јасен пат на приоритети за нашиот развој во следните 20 години.

Освен Битиќи, говорници беа и Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Љатифе Шиковска, пратеничка во Собранието, Петрит Сарачини, поранешен координатор на Одделение за медиумски мониторинг при Владата и Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии.

Поврзани новости