Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска од редовната седница на на Комисијата за јавно-приватен дијалог порача граѓаните да не се грижат зашто, како што рече, електрична и топлинска енергија ќе има доволно во текот на целата зима.
Битиќи пред членовите на Комисијата се осврна на планот за производство на АД ЕСМ, потенцирајќи дека е со зголемување од 25 отсто во споредба со мината година.
-Со тоа ЕСМ ќе ја произведува целата електрична енергија која им е потребна на граѓаните и на малите потрошувачи и нема потреба да купува струја. Дополнително, сите производствени капацитети од домашното производство ќе се стават во функција и поради тоа ги уверувам граѓаните дека не треба да се грижат, електрична енергија како и топлинска енергија ќе има доволно во текот на целата зима – истакна Битиќи.