341
Вице премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на својата фејсбук страница објави дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите нуди одржлив раст у развој на компаниите и дека оваа година пристигнале 427 апликации за нови инвестиции.
„Спроведувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите нуди одржлив раст и развој на нашите компании, преку партнерски и инклузивен пристап кој креира доверба кај бизнисите во институциите и овозможува нивен развој“, вели Битиќи во својата објава на Фејсбук.
Тој понатаму објаснува: „Оваа година пристигнаа рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти на компании, одобрени или потпишани оваа година имаме 289 договори, со компании кои предвидуваат инвестиции од 366 милиони евра и ќе креираат нови 4.439 работни места. Со ова, портфолиото на договори по Законот за финансиска поддршка на инвестиции се зголемува на вкупно 919 договори, и ова зборува дека Владата на Република Северна Македонија преку поттикнувачки и конзистентни политики и мерки успешно создава деловен амбиент кој е стабилен, предвидлив и стимулативен за компаниите“.