Одлуката за новата цена на струјата се носи на затворена седница на Владата, бидејќи тендерската постапка во ЕВН завршува утре, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој објасни дека откако ќе заврши тендерската постапка ќе знаат која ќе биде цена на струјата што ќе ја понуди ЕСМ.
„Одлуката за новата цена на струјата се носи на затворена седница, затоа што не можеме да ја изнесем, бидејќи они ќе бидат на тендер. За два дена завршува тендерската постапка во ЕВН и сите знаеме која е цената која ќе биде понудена од ЕСМ. Во однос на евтината тарифа ние како Влада се уште стоиме на ставот дека треба да се примени. Регулаторната комисија за енергетика треба да каже кога е тоа можно да се аплицира“, рече Битиќи.
Се очекуваше дневната евтина тарифа да стапи на сила од први јули, но РКЕ соопшти дека треба да се подесат броилата, процес која тешко дека ќе се заврши за краток период.
Од први јули се враќа и стапката на ддв од 18 %, а колку ќе се покачи цената на струјата ќе се знае следната недела. првичните проценки се дека сметките ќе се зголемат .
Регулаторната комисија за енергетика најави дека со оглед на враќање на повисоката даночна стапка за струјата се рагледуваат сценријата за избегнување на нов ценовен шок за граѓаните.