Битиќи: Државната поддршка за плати нема да сопре

by Фокус

Стопанските комори, работодавачите и другите бараат од Владата да продолжи субвенционирање на плати како мерка за превенција од ковид кризата, а вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, рече дека таа поддршка нема да прекине.

-Финансиска поддршка за плати никогаш не е кажано дека ќе сопре. Финансиска поддршка за плати ќе има. Моделот кој ќе го прифатиме ќе биде тема на дискусии – рече Битиќи на прес-конференција за промоција на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР.

Тој појасни дека  кога финансиската поддршка за плати беше воведена во април, 128.000 вработени биле поддржани со таа мерка.

Поврзани новости