Битиќи до Славески: Не ви лежат предметите каде се изучува методологија и економетрија

by Фокус

Повторно се огласи славниот архитект на економските политики од 2006 година, чиј грандиозни економски дизајни весело танцуваат над работ на пропаста и го заслепуваат дури и сјајот на Белата палата, неуморно се измислуваат економски пресметки кои се толку прекрасно искривени што би го засрамиле и најнеискусниот економист, реагира вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој ја продолжува вербалната војна со Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, не плашете се, дрраги граѓани, бидејќи сред неговата заплеткана мрежа од економска конфузија, се појавува трошка вистина.

Професоре Славески, очигледно дека не ви лежат предметите каде се изучува методологија и економетрија, па си ги прикажувате бројките како ви одговара, и уште поочигледно некој ви дошепнал лош превод за „Кумулативна годишна стапка на раст“, тука нема ништо „сложено“.

Кога сме кај бројките сакам да ве потсетам дека просечната плата за 2006 треба да се зголеми за 2.300 денари кои во тоа време беа дополнително исплаќани како додаток за превоз и исхрана, а не влегуваа во нето платата.

И кога ќе се корегира вашата весела математика со овој факт, добиваме дека нето платите од 2006 до 2016 номинално пораснале не за 65,3%, туку за 41,2%, па оттука реалниот раст на плати за периодот од 2006 до 2016 година е 11,2%.

Што е повеќе, 11,2% за 10 години, или 21,3% за шест години??? П.С. Недела е неработен ден за сите граѓани, „предавањето“ не е во дејностите кои се исклучени“, напиша Битиќи на фејсбук.

Славески: Битиќи покажува елементарно непознавање од проблематиката на пресметување на стапките на раст

 

Поврзани новости