Битиќи до работниците: Го цениме вашиот придонес, обезбедивме недела да биде неработен ден

by fokus

Вие сте столбот на нашето општество, а ние го препознаваме и цениме вашиот придонес за нашиот заеднички успех и економски развој, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во денешната порака до работниците по повод Први мај.

-Денес изразуваме почит за вашата посветеност на работните места, за вашата професионалност и работна етика, го славиме трудот, посветеноста и придонесот на вас, работниците и работничките за нашето добро и за доброто на идните генерации. После неколкуте години постојан раст на поддршката за работниците, социјалната политика во нашата земја никогаш повеќе не смее да зависи од волјата на поединци, ниту од партискиот маркетинг, вели Битиќи.

Тој потсетува дека од 2017 година минималната плата е зголемивме за повеќе од 100 отсто и денес таа изнесува 20.175 денари, а за време на кризата предизвикана од КОВИД, Владата помогна за спас на 250.000 работни места и поддржавме 35 илјади компании.

– Драги работници и работнички, ова не се празни зборови, ова се реални бројки. Обезбедивме недела да биде неработен ден, а за оние што ќе изберат да работат обезбедена е двојно поголема дневница. Сите овие години со синдикатите имаме партнерски однос и постојано се исправаме заедно пред следните предизвици како што е општиот колективен договор во јавниот сектор, како и усогласувањето на платите со растот на минималната плата, порачува Битиќи.

Поврзани новости