Битиќи до граѓаните: Вашиот глас е силата на нашата демократија

by Fokus

„Периодов имавте шанса да ги видите кандидатите за претседател на нашата држава. Денес е важно вашиот избор и вашата одлука да ја пренесете на гласачкото ливче – во вашиот глас е силата на нашата демократија. Затоа, сите излезете и гласајте“, упати апел до граѓаните Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, кој даде изјава за медиуми по гласањето на претседателските избори на избирачко место во општина Бутел, Скопје.

Тој во изјавата се обрати и до младите, кои ги повика да го искористат своето право на глас, затоа што, како што рече тој, тоа е вистинскиот начин за промени во општеството.

„А посебно сакам да им се обратам на младите. Во последните години забележлив е трендот на негласање на младите луѓе и во нашата земја но и во светот. Сепак, повлекувањето од општествените одлуки не е правиот начин за промени во општеството. За промените кои ви се вам важни, потребен е вашиот став и глас. Денес, начинот е со излегување и гласање. Веќе од утре, начинот е со вклучување“, изјави Битиќи.

Поврзани новости