Немањето желба и визија на власта како да се справи и со растот на минималната плата и со ценовните шокови коишто секојдневно ги гледаме, само покажува дека визијата за справување и за конечно решавање на овој проблем не постои. Никаде во светот, ако ги читате економските теории, не постои ваков раст на цени во услови на ниска инфлација, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервјуто за „Рацин.мк“.
Тој потенцираше дека денешната состојба на ценовни шокови и минималната плата е само одраз, на манипулација и неспособност на власта. Ако Законот за нефер трговски практики се спроведува како што треба, тогаш и цените ќе бидат намалени најмалку за 30%
– Ако правилата се јасни и некој манипулира со нив затоа што нашол простор, мала врата за сето тоа да го прави, за да профитираат одредени кругови, не може да останете како влада неми затоа што вие го имате механизмот. Ние сме прва земја на Западен Балкан во којшто оставивме закон, Законот за нефер трговски практики којшто само ако почне да се спроведува на конзистентен начин, цените ќе бидат намалени најмалку за 30%. Ќе се вратат назад. А ние што гледаме сега? Секојдневни превирања. Денес да почнат со спроведување на Законот за нефер трговски практики, за седум дена ќе се стави ред, рече Битиќи.
Тој потенцираше дека неприродно е Владата да стои зад бојкотот на маркетите, наместо да ги решава ценовните шокови за кои извршната власт ги има сите механизми, но очигледно е, дека таа нема визија како да го направи тоа.
Според Битиќи, минималната плата од 30.000 денари треба да биде реалност по што таа треба да го поттикне растот и на просечната плата во државата.
„Владата е повикана, да се справува со ситуациите, па дури и кога треба да бидат ригорозни мерките ако тоа е начин на справување. Владата го по поддржува бојкотот, а ги има сите инструменти за да се справи со таа појава.
Јас таков феномен нема видено. Не може да кажете ’ајде виде барајте го патот‘. Па кого избраа граѓаните на избори?, потенцираше Битиќи.