447
Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи за емисијата „360 Степени“ на Алсат, изјави дека домашните компании имааат ист третман од државата како и директните странски инвестиции.
– И домашните компании ги имаат истите олеснувања. Ние имавме закон за зголемување на плати каде 99 проценти од компаниите кои ги користеа поволностите за три години беа домашни. За секое зголемување до шест илјади денари ние плаќавме 100 проценти од придонесите на компаниите и тоа го користеа 20 илјади компании секоја година наназад три години. Во овој момент имаме по законот за зголемување на минимална плата имаме подршка на компании кои што ја зголемиле минималната плата, изјави вицепремиерот Битиќи, според кој тврдењата за поволностите на странските компании се еден мит, а реалноста е сосема друга. Вицепремиерот Битиќи најави за оваа недела отворање на дискусија со организациите на работодавачи и стопанските комори со цел да се утврди дали и кои сектори од економијата се најповеќе погодени од недостигот на работна сила. -Ќе отвориме цела една дискусија со организациите на работодавачи и стопанските комори да видиме дали и кои сектори се најповеќе погодени и како треба тоа да го насочиме, за недостигот на работна сила и справувањето со истиот, да биде контролирано ако веќе треба да имаме увоз на работна сила и да видиме дали може да се олеснат одредени процедури, затоа што сметам дека само така економијата во одредени сектори можеме да ја задржиме во конкурентна, изјави Битиќи.