Бислимовски за РСЕ: Ако државата гради во енергетика, страв ми е од корупција

by fokus

Ако можела и сакала државата до сега ќе изградела енергетски капацитет, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, во интервју за Радио Слободна Европа.

-Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата, додава тој.

Поточно на прашањето зошто државата не изгради објект како когенеративната централа на Метилинеос во Гази Баба, туку државата ќе ја даде на грчката фирма 50 милиони евра, а нема да има никаков удел во централата, тој вели:

-Тие пари, преку данокот на добивка што ќе ги даде државата како помош, ќе се вратат назад во буџетот. Сега во однос на Митилинеос, покрај Митилинеос апсолутно, да земеме, треба да направи и ЕСМ. Но, да видиме за колку краток период може да го направи тоа државната компанија.

Ние сега дискутираме ЕСМ да гради, односно државата, ама јас ви тврдам. Ако една проектирана вредност на една инвестиција почне да ја прави ЕСМ, пред се ЕСМ работи по Закон за јавни набавки. Само да нема корупција, да нема мито, да нема ништо, само заради начинот на кој што ни функционира нашиот Закон за јавни набавки, ние ќе имаме сериозен проблем да го имплементираме.

Втора работа, од која што се плашам, и на сите ние јасно го гледаме, е корупцијата. Јас тврдам дека приватниот инвеститор, било кој, за било што, многу повеќе води сметка за своите пари, отколку што е државата, вели Бислимовски.

Поврзани новости