602
Потрошувачката на нафтените деривати е намалена за 40 проценти, а приходите во Буџетот се намалени за 10-15 милиони евра споредено со истиот период претходната година, истакна првиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимовски во интервју на Телма.
-Реално, имаме една од најниските цени во Европа на нафтените деривати и најниска цена споредено со сите земји членки на ЕУ. Единствено, Русија и Белорусија имаат пониска цена од нас – истакна Бислимовски.
Тој додаде дека земјава применува иста методолија во сите земји каде се регулира нафтата, но истакна во повеќето држави овој бизнис е целосно либерализиран.